Имигрантите, кои ги ризикуваат животите на море мора да се заштитат, и порача денеска високиот комесар на Обединетите нации за бегалци Антонио Гутереш на Европската унија поради планираната воена операција против криумчарењето на луѓе во Средоземното Море.
Гутереш ја поздрави првата фаза од новата мисија, почетното собирање на разузнавачки податоци, која треба да почне следната недела, но нагласи дека приоритет мора да биде спасувањето на имигрантите на море.
– Нашиот став е мошне јасен: главен приоритет е спасувањето на море, животите мораат да се сочуваат, не би требало никој да биде оставен да умре на Медитеранот- рече Гутереш.
Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ одлучија вчера во Лукембург да покренат масовна поморска акција насочена кон спречување на бранот бегалци од Африка и Блискиот Исток, кои преку Медитеранот се обидува да стигнат до Европа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.