| четврток, 6 декември 2018 |

Акција во САД: Уапсени 1.140 педофили

FBIСАД уапсија 1.140 луѓе под обвинение за сексуална злоупотреба на деца во акција на национално ниво со цел да се заштитат децата, соопшти американското Министерство за правда.
Апсењата се резултат на двомесечна акција во која се следеле активности на интернет, каде што младите биле намамувани да соработуваат и потоа вклучувани во синџир за сексуална експлоатација, детска порнографија, како и патувањата во странство, како дел од секс-туризам за искористување деца.

Апсењата биле дел од операцијата „Скршено срце“, во која лани беа уапсени 275 лица за сексуална злоупотреба на деца.

На пример, Тексас има 17 лица обвинети за различни кривични дела, вклучувајќи следење на деца на интернет за секс и поседување детска порнографија и нејзино дистрибуирање, се додава во соопштението на Министерството за правда. Меѓу уапсените има и тројца војници и еден поранешен вработен во клуб во кој се собирале млади момчиња и девојчиња.

– Педофилите ја користат технологијата на инвентивни начини за да придобијат деца жртви низ целата земја – посочи шефот на програмата за малолетничка правда и превенција деликвенција Роберт Листенби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top