| четврток, 6 декември 2018 |

Размена на релација Манчестер – Мадрид, Де Хеа плус 30 милиони евра за Рамос

Манчестер јунајтед е заинтересиран за ангажман на стоперот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, и нуди интересна зделка.

Понудата на „црвените ѓаволи“ е во Реал да замине голманот Де Хеа како замена за Икер Касилјас, а на „Олд трафорд“ да пристигне Рамос и дополнително Манчестер да плати отштета од 30 милиони евра.

Шпанските медиуми објавија дека има големи шанси да се случи размената со доплата бидејќи Рамос е во лоши односи со првиот човек на Реал, Перез, и сака да си замине.

Де Хеа би го пополнил испразнетото место на голманската позиција по заминувањето на Икер Касилјас, а Рамос би станал најплатен одбранбен играч во историјата со годишна плата од 12 милиони евра.

serhio ramos

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top