| четврток, 6 декември 2018 |

237 демонстранти уапсени во Ереван

yerevanПолицијата во Ереван уапси 237 лица во протестот против зголемувањето на цените на струјата за 17-22 проценти, соопштија ерменските сили на редот. Полицијата го растури протестот рано утрово со водени топови. Осумнаесет лица се повредени за време на протестите. Седуммина побарале помош во медицинските служби, тројца од нив се хоспитализирани. Настрадале 11 полицајци.

73470217-CF89-4F79-98CC-2017ED89CBF2_w640_r1_s_cx0_cy10_cw0Одлуката за зголемување на цените на електричната енергија е донесена на барање на електродистрибутивната компанија, која е под капата на руската компанија РАО. Ваквата одлука е аргументирана со падот на вредноста на ерменската драма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top