| четврток, 6 декември 2018 |

Театар Комедија освои две награди: во „Керемпух“, Загреб и на „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Театар Комедија во изминатиов период учествуваше на два фестивала и освои две награди.

На 9.6.2015 год. во театарот „Керемпух“ во Загреб на фестивалот на сатирата Фадил Хаџиќ учествуваше со претставата „Лисистрата“ од Аристофан, а во режија на Наташа Поплавска и помина фантастично кај загрепската публика. Од тој фестивал, Театар Комедија се врати со една награда и тоа наградата „Сабрија Бисер“ за млад глумец со успешно интерпретираната улога на карактерна комика на Валентин Костадиновски во улогата на Старецот во наведената претстава.

На 13.6.2015 год. Театар Комедија гостуваше на МТФ „Војдан Чернодрински“ со претставата „Многу врева за ништо“ од Вилијам Шекспир, во режија на Дејан Пројковски, и од Прилеп се врати со една награда и тоа за најдобра кореографија и сценски движења на гостинката од Русија – Елена Прокопиева.

Во јули, Театар Комедија го очекува гостување на фестивалот „Бутринити 2000“ во Саранда, Република Албанија, каде што ќе учествува со претставата „Лисистрата“ од Аристофан, во режија на Наташа Поплавска. Веќе на почетокот на септември ќе ја почне својата сезона со праизведба на текстот „Име“ од Александар Патилиере и Метју Делапорте, а во режија на Нени Делместре, чијашто подготовка е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top