Штипјанец, бегалец од затворот во Струмица, бил фатен во возило со охридски регистарски таблички, но сопатникот овозможил тој поворно да побегне, јави полицијата.
Имено, во неделата, околу 13.30 часот во Штип полициски службеници од полициската станица во Штип, при контрола на автомобил „лада“ со охридски регистарски ознаки управувано од С.Д.(23) од Штип, констатирале дека по истиот се трага, поради бегство од Затвор – Струмица.
Кога сакале да го приведат, едниот полициски службеник бил спречен од страна на сопатникот во возилото С.Д.(20) од Штип, односно бил фатен за левата рака и повлечен наназад, од што изгубил рамнотежа. С.Д.(23) ја искористил приликата, се отргнал и избегал, а С.Д.(20) е лишен од слобода.
За настанот е известен јавен обвинител и против истиот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Затвореник починал на Ургентен, му се слошило во „Идризово“
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје