Земјите од Западен Балкан треба да работат на заеднички инвестициски проекти пред се во областа на инфраструктурата, енергетиката и образованието за да обезбедат поголем економски раст.
Ова е еден од предлозите усвоени на регионалната конференција на стопанските комори од регионот одржана во пресрет на Втората конференција за Западен Балкан во рамки на „Берлинскиот процес“, а на која учествуваше и Стопанската комора на Македонија.
– Учеството на регионот во вкупната трговска размена на Европската унија во 2014 година изнесува само 1,1 процент што е слаб економски резултат и заради тоа е неопходна интензивност, односно сите заеднички да работиме најмалку двојно да го зголемиме во следните години – истакна денеска на прес-конференција Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комота на Македонија.
На состанокот е договорено да се основа и коморски инвестиционен форум за Западен Балкан и да се формира заеднички центар за програмирање на регионални проекти, како и да се побара од владите на секоја земја, претседателите на стопанските комори да членуваат во националните инвестициски комисии. Договорено е и коморите од регионот на Западен Балкан да се состануваат секои три месеци, а следниот состанок ќе се одржи во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Повлечени 10 проекти од Годишната програма за култура
-
Оваа година има три пати помалку капитални инвестиции споредено со лани
-
ВМРО-ДПМНЕ: Економските политики на Владата се покажаа како погубни за македонската економија и бизнис секторот
-
Грција се најде на седмото место меѓу странските инвеститори во државата