Најновата земја-членка на ЕУ, Хрватска, освен Грција е најголема причина за загриженост на Унијата, пишува виенскиот весник „Кронен цајтунг“.
Весникот наведува дека милион Австријци секоја година одморот го минуваат на крајбрежјето на Хрватска, како и дека Австрија е најголем странски инвеститор во оваа балканска држава.
„Кронен цајтунг“ пишува дека стапката на невработеност во Хрватска изнесува 20 проценти и дека е извршено масовно предвремено пензионирање без намалување на пензиите, со цел да се запре растежот на невработеноста.
Весникот наведува дека долгот на Хрватска изнесува 90 проценти од БДП и дека во оваа држава бирократијата и правосудството се животот на компаниите, а често пекол за инвестоторите.
Хрватска, меѓу другото, има најниска стапка на апсолвенти на факултети во Европа, а истовремено има големи даноци и трошоци за живот. Економијата на земјата веќе шест години се наоѓа во рецесија.
Загриженоста на Европската комисија е оправдана, пишува весникот, додавајќи дека неопходните реформи не може да се очекуваат од актуелната власт, бидејќи најдоцна во јануари се одржуваат парламентарни избори.
– Оптимист сум и не верувам дека Хрватска ќе дожувее грчко сценарио- изјави хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ при посетата на Виена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.