| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 1.000 Руси се борат во редовите на ИСИС

исламисти

Повеќе од 1.000 Руси се борат во редовите на Исламската држава. Напорите за сопирање на регрутирањето доброволци за оваа терористичка организација не се задоволителни, изјави секретарот на рускиот совет за безбедност Николај Патрушев.

– Мислам дека повеќе од 1.000 руски државјани се борат за Исламската држава. Има уште илјадници од други држави од централна Азија, западна Европа и САД – вели Патрушев во интервју за руски Комерсант.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top