| четврток, 6 декември 2018 |

Папа Франциск: Големите сили ја поделија Европа како торта во 30-тите и во 40-тите години од минатот век

655-402-papa-franciskПоглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск ги осуди големите сили затоа што не реагирале на извештаите на разузнавачките служби во кои се укажувало на депортацијата на Евреите, христијаните, хомосексуалците и други луѓе во концентрациските логори во Втората светска војна.

Папата го осудил и „страдањето на многу христијани“ што умирале во логорите во Русија за време на владеењето на советскиот лидер Јосиф Сталин.

Острите забелешки Франциск ги упатил за време на посетата на Торино, каде што се поклонил пред Светиот покров, парче ленено платно за кое некои христијани веруваат дека во него било замотано телото на Исус Христос по распетието.

– Големите сили ја поделија Европа како торта во 30-тите и во 40-тите години од минатот век – рекол папата и оценил дека денес сѐ се прави за пари.

Тој го осуди и лицемерството на тие што се залагаат за мир додека произведуваат и продаваат оружје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top