Тој додал дека резерви неконвенционална нафта (од шкрилци) се откриени во Баженовскиот басен во западен Сибир во појасот на Волга и Урал и тие „со време ќе го прошират хоризонтот на снабдување со нафта“.
Донској објаснил дека во сегашната ситуација е важна не само достапноста на природните ресурси, туку и како тие ресурси се развиваат.
Претходно од земјата се извлекувале 30 отсто од традиционалните видови корисно гориво, а сега, благодарение на новите технологии, може да се стигне и до оние резерви чие извлекување е можно и рентабилно во сегашните економски услови, укажал рускиот министер.
Според него, сега ископувањата се вршат во наоѓалиштата на длабочина о три до четири километри. Притоа, дупчењето на поголеми длабочини, особено на териториите на западен Сибир, Поволожје и Прикаспискиот регион може да обезбеди сериозни резерви од течни јаглеводороди.
А тука е и Арктикот и наоѓалиштата на арктичкиот брег, каде до експлоатација не дошло од различни причини – климатски, технолошки, еколошки. И на крајот во многу земји сега сѐ повеќе внимание се обрнува на неконвенционалните видови наоѓалишта. -Покрај проектите за гас и нафта од шкрилци постојат и гасни хидрати. Низа земји сега активно ги истражуваат и одобруваат- кажал Донској.
„Нема закана за рускиот нафтен сектор“
Тој укажал дека министерството за природни ресурси на Русија не гледа сериозна закана за рускиот нафтен сектор од проектите за производство на енергенси од шкрилци при сегашните цени на нафтата.
-Падот на цените на нафтата довел до тоа експлоатацијата на нафта на одделни наоѓалишта да е економски неисплатлива, што довело до намалување на темпото на растот на нејзиното производство. Тоа е поради фактот што развојот на наоѓалиштата на шкрилци е оправдано само во случај на високи цени на нафтата, бидејќи, во споредба со традиционалните наоѓалишта, нивното производство е поскапо- објаснил Донској.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.