Пајаци, буба-мари, инсекти… Сето тоа е тренд сезонава, барем што се однесува до накитот. Неколку дизајнери решија да ја урнат бариерата и да покажат дека и инсектите можат да послужат како инспирација за накит кој ќе се носи пролетва. Роберто Кавали со инсектите ги украси алките и ѓерданите, ги обои во црна боја и ги комбинираше со цветни украси и ѓердани.
„Ланвин“ на своите фустани додаде големи брошеви во златен тон кои изгледаат преубаво на нивните едноставни фустани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.