| четврток, 6 декември 2018 |

Момче почина во тешка сообраќајка кај Драчево

Седумнаесетгодишно момче почина, а две девојки се повредени во сообраќајна несреќа која денеска се случи во скопската насебла Драчево, објави Телеграф.мк.

Како што потврдуваат од СВР Скопје за „Телеграф“, несреќата се случила околу 11 часот на улицата „Јустинијан Први“ на раскрсницата со улицата кон село Батинци. Во сообраќајната несреќа учествувале возила „форд мондео“, „рено лагуна“ и мотоцикл сите со скопски регистарски таблички.

Во несреќата починал седумнаест годишниот Петар Ј., возач на мотоциклот, а со телесни повреди се здобиле девојките кои се возеле со него на возраст од 16 и 19 години. Девојките се пренесени во Ургентниот центар во Скопје. Возачите на другите возила не се пожалиле на повреди.

Истрагата ќе покаже како настанала несреќатa.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top