Потребата од физичка активност за одржување на здравјето е позната, информациите за различни диети и начини за губење на вбишокот килограми се постојани и насекаде, со порака за да останеме здрави и среќни.
Се наметна како правило за здрав начин за живот, но 10-те илјади чекори се преброени во време кога немало толку нездрава храна, велат научниците. Математиката е создадена во 1960-тите години за време на Олимписките игри во Токио, но Кетрин Тудор-Лок, професорка која ја проучува поврзаноста на движењето со психичката активност на луѓето, вели дека бројката е создадена најмногу за маркетиншки цели, а нема врска со реалните потреби на човекот за движење.
-Тоа на што треба да се обрати внимание е разликата во исхраната меѓу 1964 и денес. Тогаш животот бил помалку калоричен, со помалку животински масти, но и помалку автомобили и другите превозни средства на кои денеска се потпираме. Живееме во многу со поинакви нутритивни вредности, а се водиме од истите мерки – вели Тудор-Лок, која додава дека никако не може истите бропјки да важат за секого. Секој организам е посебен и потребен е поединечен пристап.
– За луѓе кои не се навикнати на вежбање, 10 илјади чекори е преголема и заради неа би можеле да се откажат од било каква активност. За нив, ако дневно прават по 2500 чекори, 5 илјади е огромен успех. Секако, целта е што повеќе да се движиме- додава професорката.
Тоа со што сите се сложни е дека е потребно и повеќе да се вежба и да се храни здраво. Постојат луѓе кои здраво се хранат, но не вежбаат. Исто така 10 илјади чекорти се малку за деца на кои им е потребна физичка активност за правилен раст и развој.
Заради тоа, иако 10 000 чекори е лесен совет за паметење, не треба да се разбере „здраво за готово“, туку како поттик за што повеќе да се движиме. Затоа, стојте наместо да седите, одете наместо да стоите, трчајте наместо да одите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.