| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов се сретна со основачот и претседател на Стратфор Џорџ Фридман

ivanov fridmanПретседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во рамки на учеството на Глобалниот форум за безбедност „ГЛОБСЕК 2015″, во Братислава, Словачка Република, денеска оствари средба со Џорџ Фридман, основач и претседател на еден од најпознатите светски истражувачки и аналитички центри, Стратфор од САД.

На средбата, на интерес на соговорникот, претседателот Иванов го запозна со стратешките цели на Република Македонија, актуелните состојби во Македонија на безбедносен план, односите со соседите и состојбите на политички и безбедносен план во регионот на ЈИЕ. Беа разменети мислења и информации во однос на геополитичките прилики и превирања поврзани со Балканот.

ivanov fridman 1Господинот Фридман ја прифати поканата од претседателот Иванов за посета на Република Македонија, со цел одблиску да се запознае со состојбите, а договорено е и негово учество на Школата за млади лидери, која што се одржува секоја година во Охрид, под покровителство на Претседателот на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top