| четврток, 6 декември 2018 |

Макси-здолниште за секоја пригода

Без разлика дали макси-здолништето го комбинирате за свечена пригода или повеќе сакате бохо-стил и шаренило, ова парче може да ги задоволи сите критериуми. Може да се комбинира со најобични маици, кошули, тексас јакни, марами

Едно макси-здолниште во вистинска боја може да биде инспирација за безброј различни комбинации. Ова летно парче облека е многу популарно меѓу жените и затоа е задолжително за оваа пролетно-летна сезона. Ова здолниште се приспособува на секоја градба на телото, како и на стилот, а може да се пронајде меѓу различни бои и материјали.

Без разлика дали макси-здолништето го комбинирате за свечена пригода или повеќе сакате бохо-стил и шаренило, ова парче може да ги задоволи сите критериуми. Може да се комбинира со најобични маици, кошули, тексас-јакни, марами.

Материјалот од кој се направени овие здолништа најчесто е лесен и проѕирен.

atraktivno145-2

Одберете модел што најдобро ви прилега

Многу жени имаат одбивност кон долгите здолништа бидејќи сметаат дека им додаваат повеќе килограми. Но, важно е само да знаете да ги одберете вистинскиот модел и кројот што најмногу му прилега на обликот на вашето тело. Една од најважните карактеристики на ова парче облека е практичноста – може да се комбинира и да се приспособи на секоја жена.

atraktivno145-3

 

Голема понуда од познати марки

Познатите марки веќе ги изложија своите понуди на макси-здолниште за оваа сезона. Некои во понудата имаат и долго здолниште на преклопување, други нудат со разрес. Дел од марките се препознатливи по квалитетно тексас макси-здолниште, а имаат и еднобојни, шарени, со цветни дезени.

atraktivno145-5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top