Прекрасниот остров сместен во Средоземно Море како дел од архипелагот Балеарски Острови, е една од најпознатите туристички дестинации во Европа, а има и зошто. Мајорка е карактеристична по контрастите и токму нејзината разновидност и пријатна медитеранска клима ја прави привлечна за туристите.
Кога ќе кажеме Мајорка прво на што помислуваме се плажи и заливи, но тој дел на Шпанија нуди многу повеќе – инспиративни предели и раскошна природа, можност за занимавање со спортови на вода, културни настани и специфична архитектура.
Овој најголем остров е најелегантен и најрелаксиран истовремено. Има толку многу да понуди, што е изненадувачки во однос на неговата мала територија, но со својот карактер и шарм ги задоволува сите туристи од светот.
Место за сечиј вкус
За патување до магичната Мајорка најдобар избор е авионскиот превоз. Иако цените на билетите за летови чинат повеќе, како и аранжманите на туристичките агенции, дефинитивно нема да зажалите. Од Скопје има чартер-лет до Мајорка, а аранжманите чинат од околу 400 евра, па нагоре, во зависност од бројот на лица, како и од периодот во кој ќе решите да патувате. Во летниот период, секако, цените се повисоки.
Во Мајорка има голем број вили, апартмани и куќи на неколку ката, кои одговараат за сечии потреби. И за фамилијарно сместување и за тие туристи што се во потрага по авантура и по подигнување на адреналинот. Тие се лоцирани во центарот на градот или во близина на многуте плажи.
Обиколката на Мајорка почнете ја во нејзината престолнина. Палма де Мајорка е најголем град на островот, а стариот град е еден од најубавите во Медитеранот. Неговите улици и градби зрачат со богата историја и култура. Почувствувајте го духот на минатото и уживајте во единствената архитектура на Мајорка.
Доколку сакате да погледнете кралски раскош, посетете ја палатата Ла Алмудаина. Станува збор градба од тринаесеттиот век, која служела како резиденција за првите кралеви на Мајорка. Денес, овде се наоѓа резиденцијата на шпанскиот крал.
Бели плажи и кристално чиста вода
Убавите плажи и бел песок, како и малите заливи со карпи и борова шума се заштитен знак на магичниот остров. Чистата и проѕирна вода е идеална за пливање и за спортови како што се нуркање, параглајдинг, едрење, па дури и сурфање. Тука има и светски направени терени за голф, па за сите вљубеници во овој спорт претставува идеално место за забава и за релаксација.
Не пропуштајте да ја посетите најпопуларната плажа на островот „Плаја де Палма“, која е долга шест километри, а покрај неа има убаво шеталиште на кое се наоѓаат познати кафулиња и ресторани.
Тука се наоѓа и планинскиот венец Трамунтана, чиишто врвови достигаат и по 1.400 метри надморска висина. Тој е под заштита на УНЕСКО и дава дополнителна привлечност на Мајорка. Еден од најдобрите начини да го истражите островот е обиколка со автомобил, а постојат и организирани тури за пешачење покрај брегот или во неговата внатрешност.
Аквариумот во Мајорка е многу повеќе од обичен аквариум. Во овој комплекс се наоѓаат 55 аквариуми и е дом на повеќе од 8.000 примероци и преку 700 видови морски животни. Овие видови потекнуваат од Средоземно Море, Индиски Океан, Атлантски Океан и Тихи Океан.
Најдобар начин да ја почувствувате магијата на типичната кујна во Палма де Мајорка е да посетите некои од старите кафеани или пекарници, кои ги има на секој чекор. Преку 1.000 ресторани со традиционална кујна, во кои се служат свежа риба, месо, зеленчук и овошје, но и интернационална кујна со светски познати готвачи ќе ги исполнат вашите гастрономски желби.
Мајорка е позната по богатиот ноќен живот, така што доколку сакате одлична забава, на вистинското место сте. На островот се наоѓаат некои од најпопуларните ноќни клубови во Шпанија во кои често гостуваат најдобрите светски диџеи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст