| четврток, 6 декември 2018 |

Во Пекинг ќе се студира црногорски јазик

На државниот Универзитет во Пекинг во септември ќе биде отворена катедра за црногорски јазик книжевност, потврди амбасадорот на Црна Гора во Кина, Бранко Перовиќ.

На катедратата црногорски јазик ќе предаваат професори од Кина од кои еден докторирал на делата на Његош, објави весникот „Побједа“.

Владата на Кина оваа година им понуди на студенти на Црна Гора десет степендии во области на природните науки и за учење кинески јазик.

Во почетокот на годината на Унвиерзитетот во Црна Гора беше отворен Институт Конфучие со цел промовирање на кинеската култура и јазик и подобро запознавање на жителите на Црна Гора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top