| четврток, 6 декември 2018 |

ДУИ: За нашиот кандидат Фатмир Дехари гласаа и граѓани од Мала Преспа

Bujar Osmani

За Фатмир Дехари гласале и граѓани од Мала Преспа, рече денеска портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, потенцирајќи дека Дехари ќе биде градоначалник на сите граѓани без оглед на националната и на верската припадност.

Тој објасни дека партијата е задоволна од изборните резултати и од победата во Кичево. Граѓаните од Мала Преспа пристигнале на сопствен трошок.

– Точно колку луѓе пристигнаа не знам. Тоа дополнително ќе се утврди. Но, интересно е што и луѓето кои дојдоа од Пустец, гласаа за Дехари – рече Османи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top