| четврток, 6 декември 2018 |

Eлена Ристеска на „Сунчане скале“

Македонската пејачка Елена Ристеска ќе биде единствена македонска претставничка на 30. јубилејно издание на музичкиот фестивал „Сунчане скале“, кој ќе се одржува на 29 и 30 јуни во Херцег Нови.

Елена ќе настапи на главната фестивалска вечер на 30 јуни, насловена „Песна на летото“ на која ќе настапат најголемите музички ѕвезди од регионот, како Кики Лесендриќ – Пилоти, Данијела Мартиновиќ, Тончи Хуљиќ, „Фламингоси“, Марија Шерифовиќ и Адил, Петар Грашо, „Тропико бенд“, Емина Јаховиќ, „Магазин“, Вана, Саша Ковачевиќ, Бојана Стаменов,  Никола Роквиќ, Анабела, Сања Долежал и Владимир Кочиш-Зец, Кнез, Анита Поповиќ, „Дивље јагоде“, Марина Висковиќ, Бојан Делиќ и Игор Цукров и Адалат Шукуров од Азербеџан.

На 29 јуни ќе се одржи вечерта „Нови ѕвезди“ на која ќе настапат 22 учесници од регионот и од странство. Меѓу нив ќе настапат и момците од „Хајвеј трио“ од Подгорица, кои учествуваа во музичкото шоу „Икс-фактор Адрија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top