Мегапопуларната серија „Игра на тронови“, најверојанто, ќе се снима и во Македонија, и тоа во Прилеп, Охрид и на Криволак.
Продуцентска екипа од популарната серија „Игра на тронови“ моментално се наоѓа во Македонија барајќи локации за снимање.
Најверојатно ќе се снима во Охрид, Прилеп и на Криволак. Локацијата кај Маркови Кули ќе биде користена за последните сцени од серијалот.
Дел од екипата веќе добро поминала на локациите во Хрватска, но им требале сцени снимени со крајолик и клима како Охрид и Прилеп.
Одлука ќе се носи на крајот од септември, а ќе се снима во март и во април другата година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.