Изминатите 24 часа најмногу дожд падна во Маврово, 48 литри на метар квадратен, во Пожаране се измерени 38, Лазарополе 22, Тополчани 18, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Тетово 11, Прилеп 10, Кавадарци, Ѓуриште, Гевгелија 7, Битола 6, Демир Капија, Охрид, Куманово 4, Виница 3, Берово, Дојран и Крива. Паланка 2 и Претор 1 литар на квадратен метар.
Како што соопшти УХМР, времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи, особено претпладне. Врнежите повеќе ќе бидат застапени во јужните и во источните делови на земјата. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северозападен ветер.
Максималната температура ќе се движи од 18 до 25 степени. УВ-индексот ќе достигне 4.
Според УХМР, во наредните денови ќе преовладува сончево со умерена облачност во попладневните часови локално ќе има умерен развој на нестабилна облачност со порен дожд и грмежи, особено повеќе в недела. Од почетокот на наредната недела се очекува претежно стабилно и топло време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.