Веќе 1.300 години јапонската хартија од малиот град Огава се користи за различни цели, од материјали за будистички списи до балон-бомби испратени на САД, но таа и денес има своја примена.
Сега, кога Јапонија се подготвува за одбележување на 70-годишнината од поразот во Втората светска војна, хартијата доби нова цел, се користи за правење облека.
Ваши, во превод јапонска хартија, традиционално се прави од растителни влакна кои се потопуваат во вода и се провлекуваат низ филтер од бамбус.
Поради својата постојаност Огава-ваши ја сакале свештениците кои ја користеле сигурни дека нивните записи ќе го издржат тестот на времето.
Но, во мрачните денови на Втората светска војна, стратезите процениле дека цврстиот, но лесен материјал може да се користи во борбата на Јапонија против САД.
Луѓето во Огава, град оддалечен од Токио 90 километри, добиле задача да направат балони со пречник од 10 метри кои би биле наполнети со гас и пратени преку Пацификот со бомби закачени на нив.
Меѓутоа, се открило дека оружјето не било премногу ефикасно.
Помалку од 10 отсто од 9.300 произведени балон-бомби стигнале до американското копно оддалечено 9.000 километри.
Балоните не предизвикале пожари и страв за кое се надевале стратезите, а забележан е само еден фатален напад, жена и пет деца настрадале на пикник во Орегон, кога експлодирала една од тие бомби.
– Ништо не знаевме за бомбите, само секој ден правевме хартија, вели Каихеи Касахара (91), кој правел балони од хартија.
Минатата година, традиционалниот начин на правење на хартија во Огава е ставен на листата на УНЕСКО за нематеријално наследство.
Локалната заедница го поздравиле овој чин во надеж дека тоа ќе поттикне доаѓање на туристи.
Истовремено, еден локален дизајнер пронашол нов начин за користење на хартијата, производство на облека.
Таки Окајима вели дека инспирација и биле будистичките свештеници во Тодаиџи храмот во Нара, кои својата облека ја прават од ваши. Таа се одлучила да го искомбинира модерното и древното во облеката во западњачки стил направена од тој материјал.
Нејзината колекција ја сочинуваат тешки јакни со колан, марами и широки панталони во разни бои. Ваши како ткаенина е лесен како лен.
– Овој вид на хартија луѓето во древно време го добиле по низа обиди и грешки. Лично верувам дека треба да се вратиме и да го цениме високиот квалитет на традиционалните производи, вели 80-годишниот производител на хартија од Огава Теизо Такано.
Огава и околината својата економија ја основале на хартијата и во текот на 20-те години на минатиот век таа индустрија броела над 1.000 работилници.
Нивниот број сега паднал на 10 и производството повеќе е уметничко, а помалку комерцијално, но чуварите на Огава-ваши велат дека нема да дозволат хартијата да исчезне.
Такано има двајца млади чираци во работилницата и се надева дека и тие ќе го научат традиционалниот начин на рачна изработка на хартијата.
– Ако користите машини, трошоците изнесуваат една десетина, но производот е многу подобар ако не ги користите, вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст