| четврток, 6 декември 2018 |

Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за економски прашања, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања се измените и дополнувањата на Законот за квалитетот на земјоделските производи и на Законот за јавните патишта, во прво читање.

Предлог-законот за градежните производи, измените и дополнувањата на Законот за електронска трговија, дополнувањето на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, сите во второ читање ќе бидат разгледувани од членовите на Комисијата за економски прашања.

Комисијата за финансирање и буџет ќе ги разгледува измените и дополнувањата на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, на Законот за експропријација, Законот за денационализација, сите во второ читање, како и на Законот за персоналниот данок на доход, кој е во прво читање. На дневен ред на оваа Комисија е и Предлог – завршна сметка на Буџетот на Република Македонија за 2014 година.

Седница ќе одржи и собраниската Законодавно-правна комисија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top