Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го субвенционира извозот на домати преку покривање на дел од трошоците за разладување, калибрирање и пакување на градинарските култури во домашните откупно – дистрибутивни центри.
Како што соопшти Министерството, оваа мерка ќе можат да ја користат сите извозници, за што, поголем дел од нив веќе биле информирани.
Ваквото решение, според МЗШВ, се воведува поради тоа што македонскиот пазар е многу мал за да го апсорбира целокупното градинарско производство и мора да се наоѓаат пазари надвор од Република Македонија, пред се на традиционалните во поранешните југословенски републики, во западноевропските земји и во Русија.
За да се пласираат овие производи потребно е да се исполнат одредени критериуми во однос на издржливоста на подолг транспорт, безбедност, квалитет, како и тоа да бидат соодветно спакувани.
– Во соработка со руско – македонската комора до поголемиот дел од македонските извозници доставена е листа на фирми од Русија кои се заинтересирани за увоз на македонскиот домат и со кои можат да остварат соработка, се истакнува во соопштението на МЗШВ. Се нагласува дека се разгледува и можноста за изнаоѓање модел за осигурување на извозот во Русија, имајќи предвид дека трговците го посочуваат овој пазар како ризичен во однос на навремена наплата.
Од Министерството информираат дека увоз на домати нема, освен од Албанија од каде во изминатите 15 дена се влезени само пет камиони
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вратени три пратки овошје од Русија поради заразеност од инсекти од друг вид
-
Русија најави забрана на увозот на праски од Македонија од 15 август
-
Струмичките земјоделци реагираат: Задоцнета е субвенцијата, доматите останаа во нивите
-
Земјоделците од Струмичко незадоволни од ниските откупни цени на доматите