| четврток, 6 декември 2018 |

По поројниот дожд, расчистени и проодни улиците во Кисела Вода

kisela voda

По поројните дождови кои го зафатија подрачјето на Општина Кисела Вода, улиците кои се во надлежност на општината се расчистени и проодни. Системот за атмосферска канализација кој беше изграден во последниве две години на улиците „Ѓорѓи Димитров”, „Локов”, „Фредерик Шопен”, „Боро Камчевски”, „Пушкинова”, е комплетно во функција, соопшти локалната самоуправа.

По само четириесетина минути од поројниот дожд, енормната количина вода, беше примена во системот. На улиците, каде пред само неколку месеци Општина Кисела Вода изгради нова атмосферска канализација, „Фредерик Шопен“ и „Боро Камчевски”, кои се во близина на објектот „Шампионче” и каде во минатото ваквите поројни дождови речиси секогаш зад себе оставаа поплава, проблем воопшто немаше.

Во однос на улиците „Димо Хаџи Димов” и „Сава Ковачевиќ”, информираат од Општината, од страна на Секторот за комунални дејности при општина Кисела Вода, веднаш беше искомуницирано со ЈП „Комунална хигиена” и ЈП „Водовод и канализација”, чии екипи веднаш излегоа на терен. Воедно, бидејќи настанатата ситуација на улицата „Сава Ковачевиќ”, е поради слевање на земјен материјал од поројните дождови, настанат од изведба на градежни активности од Министерството за транспорт и врски, за изградба на фекален колектор кон Сопиште, во склоп на проектот Сончев град, во расчистување на теренот се излезени и фирмите изведувачи, кои работат на овој проект, како и нивниот надзор.

Екипите од Општина Кисела Вода и од сите надлежни институции остануваат на терен. Општината, од своја страна, вклучи и сезонски работници, со цел проблемите на овие улици што поскоро да се решат и тие што поскоро да бидат повторно функционални.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top