Унгарија ќе гради 4 метри висока ограда по границата со Србија за да се обиде да спречи илегално влегување на мигранти, изјави денеска министерот за надворешни работи Петер Сијарто.
– Имиграцијата е еден од најсериозните проблеми со кои се соочува Европската унија, изјави Сијарто на прес конференција.
– Државите од ЕУ бараат решение, но Унгарија не може да си дозволи да чека долго, додаде тој.
Министерот објасни дека станува збор за гранична линија од 175 километри кое ќе биде „затворена“ со ограда висока четири метри. Министерството за внатрешни работи веќе добило инструкции за да се подготви проектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер