| четврток, 6 декември 2018 |

Амбулантно возило кое пренесувало дете, удрило во камион – детали за сообраќајката кај Радовиш

Во сообраќајката што се случи синоќа околу 22 часот на патот Радовиш-Штип кај местото Дамјан, возило на Брза помош од Радовиш удрило во камион додека пренесувало пациент, двегодишно детенце. Тешко повреден е возачот на амбулантното возило, додека полесно повреден е возачот на камионот и двајца сопатници од возилото на Брза помош. Детенцето минало без видливи повреди.

brzapomos2_48

Сообраќајката се случила кога амбулантното возило марка „пежо“ од засега непознати причини удрило во задниот десен дел од камионот марка „МАН“, по што товарното возило преминало на левата страна од коловозот.

Четириесетгодишниот возач на патничкото возило М.Ј. се здобил со фрактура, додека двајцата сопатници, триесетгодишниот К.С. и триесет и четиригодишниот М.С. се здобиле со полесни повреди. Со телесни повреди поминал и педесет и четиригодишниот возач на камионот Б.Т.

Извршен е увид на лице место и се утврдуваат причините за несреќата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top