Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал направи сообраќајка со своето Ферари веднаш по натпреварот на неговата репрезентација против Мексико на Копа Америка.
Тој добил слободна вечера од селекторот на Чиле која ја поминал со луда забава со многу алкохол. Тој бил со својата сопруга кога излетал од патот, а анализите покажале дека бил во алкохолирзирана состојба.
Видал и сопругата се пренесени во болница, не се во животна опасност, но се уште нема информации дали Чилеанецот ќе добие лекарска дозвола да продолжи да настапува за својата репрезентација на натпреварите на Копа Америка. Според информациите, тој има повреда на вратот, а и неговата сопруга не е посериозно повредена.
– За жал, имавме сообраќајна несреќа. Но, за среќа, сите сме добро, благодарам, за вашата загриженост – напиша Видал на Твитер по сообраќајната несреќа.
Артуро Видал веќе постигна три гола на досегашните мечеви од Копа Америка, а Чиле, со оглед дека е домаќин, е еден од фаворитите за освојување на трофејот заедно со Бразил и со Аргентина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.