Во прашката клиника „На Буловце“ е примен првиот пациент со сомнителни симптоми на смртоносниот вирус МЕРС, соопшти министерот за здравство Сватоплук Њемечек.
Како што пренесе дописникот на МИА од Прага, 25годишниот маж неодамна се вратил од туристичко патување во Јужна Кореја. Пациентот моментално е изолиран, земени му се биоилошки материјали и резултатите ќе бидат познати в среда.
Инфекцијата МЕРС е предизвикана од коронавирус од истиот вид како што е оној кој го предизвикува заболувањето САРС од кое во 2003 година починаа 800 луѓе. За разлика од САРС, симптомите на МЕРС се забележуваат покрај на дишните органи и со проблематична работа дури и откажување на бубрезите.
Мерки на претпазливост се преземени и на аеродромот во главниот чешки град каде се делат летоци со информации за болеста и се врши дезинфекција на авионите кои слетуваат од Кореја.
За време на викендот, сомнителен случај на заболен се јави и во Словачка, но тестовите подоцна беа негативни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


