Американскиот милијардер Доналд Трамп денеска најави дека во рамки на Републиканската партија ќе се кандидира за претседател на САД на изборите што ќе се одржат 2016 година.
– Со големо задоволство ве информирам дека ќе се кандидирам за претседател на САД во 2016 година. Заедно можеме да направиме оваа земја повторно да биде голема, изјави 69 годишниот Трамп на приемот во својата кула на Менхетен во Њујорк.
Трамп, чие богатство се проценува на девет милијарди долари, веќе неколку пати претходно најавува дека ќе се кандидира за претседател, но тоа никогаш официјално не го направил.
Тој е веќе 11 кандидат од редовите на Републиканците што сака да учествува во трката за влез во Белата куќа.
Најголеми шанси да добие номнинација од републиканците има Џеб Буш, кој во понеделникот официјално ја објави својата кандидатура за претседателскиет избори во 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.