Според анализите на компанијата Г Дата СекуритиЛабс, германскиот парламент минатата недела повторно бил цел на дигитален напад од се уште непозната криминална група, јави дописникот на МИА од Берлин.
Според компанијата не може да се утврди точно дали новиот упад е дел од нова илегална операција или е продолжение на инцидентот од крајот на Мај кога вирус целосно ја блокираше мрежата на Бундестагот. Анализите покажуваат дека во нападот е користен вирус од типот „Тројан Сватбанкер“ кој што првично го нападнат домеинот „бундестаг.бтг“ меѓу 8 и 10 јуни при што целосно го совладал програмата за заштита на федералниот парламент.
Доколку се потврди дека некој од надвор успеал да вметне ваков вирус во Бундестагот тоа ќе значи дека напаѓачите ги имаат добиено сите информации внесени во мрежата дури и тајните документи кои што според законот не се достапни за јавноста. Не се исклучува ниту дека напаѓачите можат преку специјален вметнат софтвер можат да ги контролираа сите компјутери на кои што работат германските пратеници и администрацијата на парламентот. Дел од германските медиуми предходно шпекулираа дека напаѓачите имаат врска со Русија или Кина но двете земји негираат дека биле дел од нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.