Жештините и врелиот асфалт само ја зголемија желбата за одмор и издишка од секојдневните работни обврски. Ова лето следуваат уште два продолжени викенда за сите државјани на Р. Македонија и еден за православните верници.
Годинава државниот празник Рамазан-бајрам, првиот ден на Рамазан-бајрам е на 17 јули, петок, ден неработен за сите граѓани на РМ.
Исто така, неработен за сите граѓани е и Илинден, односно 2 август, Денот на Републиката. Бидејќи паѓа во недела, неработен ќе биде 3 август, понеделник.
За граѓаните од православна вероисповед неработен ден е празникот Голема Богородица на 28 август, кој паѓа во петок.
Прегледајте ја целата листа на неработни денови во 2015 година тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.