| четврток, 6 декември 2018 |

Грчката влада не разгледува можност за предвремени избори или за референдум

grcija1
Грчката влада не ја разгледува можноста за распишување предвремени избори или спроведување референдум поради неуспехот на преговорите со кредиторите, изјави денеска портпаролот на грчката влада, Гаврил Сакеларидис, пренесува ТАСС.

Сценарија за избори или референдум не се разгледуваат од владата, истакна портпаролот Сакеларидис, додавајќи дека не е од ничиј интерес да не биде постигнат договор.

Владиниот портпарол нагласи дека грчката влада не планира да ги спроведе мерките за намалување на пензиите. Тој, исто така, изрази очекување дека нема да има проблем со исплатата на ММФ на 30 јуни бидејќи, според него, ќе биде постигнат договор.

Претходно беше објавено дека преговорите на Грција со меѓународните кредитори, кои беа одржани на 13-14 јуни во Брисел на техничко ниво, завршиле без резултат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top