Разликите го прават животот така варијабилен, провокативен за промислување, понекогаш возбудлив, а не така често разликите иницираат фаталитети, императиви за прифаќање или, пак, отфрлање на одредени дадености од кој било тип, посебно на оние кои го овозможуваат доброто или лошото.
Секако, да се отфрли лошото, а да се избере доброто не е така лесна задача. Зошто лошото знае, со целата своја итрост и способност за заведување, да се претстави како добро и, воедно, по пат на недолична критика или, пак, клевета да го претстави доброто како лошо.
Затоа постои и онаа стара библиска мудрост која вели дека добрата или лошата природа на нештата ќе ја препознаеме по делата – „по делата твои ќе те препознаам“ или „по плодот дрвото ќе го препознаам“. И токму во правецот на интелигентното разобличување на феноменот ќе ја распознаеме неговата добра или, пак, лоша генеологија.
Вакви искушенија, кои подоцна стануваат примери и сведоштва во нашата меморија, ни даваат одредени индикатори при оваа морална експертиза, која секогаш спонтано се активира кога ќе се соочиме со некое ново магливо премрежје.
Компаративните методи, како и асоцијациите од искуството кои генерираат маса реминисценции и анализи, секогаш нудат барем некоја почетна позиција за одредена етичка претстава, а во понатамошниот контемплативен процес камчињата на спознанието ќе го комплетираат мозаикот и волјата, инспирирана од духот на вистината ќе го осветли нејасното и збунувачко собитие.
Така е и во случајот на т.н. „револуција на скарата и пивото“, што се залегна пред Владата на Република Македонија. Нештата за моралната природа на ова, скоро надреално, приказание полека, но сигурно откако хаосот се смири, а небулозата на спинерите и пропагандистите – апологети на овој мрзлив и по малку апсурден протест, изразен во една трома, инертна и нечиста претстава, се расчисти; сите ние, отпрво затечените, сега сосема јасно ја гледаме целата банална, лукративна и егоистична заднина на овој идиотски бал под шатори.
Нивните цели, да се урне поредокот, а новиот да го градат тие самите, е лоша бајка во која и најбезумните од овие несреќни кампери не веруваат.
Не сакам да навлегувам во роморењето за најразличните злоупотреби на општинската администрација со која владеат опозициските гаулајтери, а кои ја користат со перфидни притисоци за да го одржуваат во живот овој кретенски протест или, пак, за лукративна заднина, според која камперите земаат хонорари од опозициските невладини организации, абонирци на Големиот газда, милијардерот кој говори како милионерите правеле пари, а милијардерите создавале историја.
А овој самопрогласен творец на историјата, кој своите милијарди ги прави од шпекулации на берзата, од инвестиции во воено-индустрискиот комплекс, па од финансирањето на генетско-модифицирани производи и, конечно, ги внесува во револуции, во деструкција на одредени влади, кои, според него, не се доволно „отворени“, во разни преврати, обоени револуции, како, на пример, онаа во Украина, каде што истиот овој филантроп и милијардер преку својата агентура исплетена во НВО-секторот ги финансираше најавангардните групи на овој преврат кој ескалираше во крвава војна, што ја уништи и подели земјата и нацијата, а чиишто идеолошки заднини и темели произлегуваат од нацизмот.
Парадоксално е еден Евреин, каков што е Големиот газда, да внесува толку многу капитал во нацистички и расистички групи, што со сите свои сили сакаат да го реинкарнираат Третиот рајх, Фирерот и да го продолжат холокаустот. Но, како што рековме, она што се прикажува за добро, знае да биде само добро маскирано зло.
Често и самите поддржувачи на ваквите подмолни конспирации се губат во своите мрежи од интереси, влегувајќи во стапицата на сопствената гибел и гибелта на својот народ.
На оваа линија се и оние шатори, логори на отворено, во кои секојдневно доаѓаат хистеричните говорници кои го изразуваат своето ужасно незадоволство, понекогаш гротескно, понекогаш карикатурално, понекогаш патетично, но секогаш со нота на фанатична омраза и патолошка реваншистичка реторика.
Ете, тука, во тој камп на подгреаниот надреализам, транзициските богаташи држат огнени говори за „страшната сиромаштија, која хара по Македонија како чума“. Тука нашите успешни емигранти ја критикуваат Владата за „мизерните услови во земјата кои ги бркаат младите луѓе во странство“. Тука манијаците говорат за мирот и љубовта, тука се јаде и се пие до зори.
Ако ги укориш за сета оваа бессловесност, тие ќе пронајдат пандан во кампот на „чуварите на демократијата“, кои се позиционирале во паркот наспроти Собранието на Република Македонија и ќе ги посочат како алиби и мотивација за нивниот небулозен општествен активизам.
Но, има разлика!
Како прво, „чуварите на демократијата“ се само реакција и стратегиска акција како последица на експанзивните амбиции на „револуционерите на скарата и пивото“, кои се обидуваат да ги блокираат сите јавни простори кои, не само што имаат симболичко значење, туку и една инфраструктурна и комуникациска важност. Потоа, „чуварите на демократијата“ не го блокираат протокот на сообраќајот и со тоа не го малтретираат и иритираат граѓанството.
И, на крајот, „чуварите на демократијата“, за разлика од „револуционерите на скарата и пивото“, не приредуваат хистерични собири со говорници – манијаци и други умоболни личности, кои во целиот овој хаос се занеле дека ќе се устоличат како нови владетели.
За оваа лудост да не се случи, тука е народот на Македонија, во случајот претставен во ликот и делото на „чуварите на демократијата“.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст