Секој хороскопски знак има сопствен капацитет за креирање на својата благосостојба. Сепак, некои знаци од почеток имаат подобра основа за правење пари со помалку напор од другите.
ОВЕН
Нивниот однос кон парите е прилично детинест. Во состојба се да си ги исполнуваат екстравагантните каприци затоа што сакаат да парадираат со скапоцени автомобили, гламурозен имиџ и главно даваат пари за свои лични задоволства. Парите го сакаат Овенот и секогаш има и повеќе од доволно.
БИК
Бик е знак на здравје и благосостојба и луѓето што се родени во овој знак прилично имаат среќа со парите, но се и вредни работници. Како по правило, речиси секогаш наследуваат пари и уживаат во подароци и во големи суми пари, како од семејството така и од пријателите.
БЛИЗНАЦИ
Сакаат да трошат, но сакаат и да имаат пари. Често зајмат од пријателите, роднините и речиси секогаш се во долгови. Сакаат да купуваат евтини и непотребни ситници, но за сè што се однесува до домот и нивната удобност никогаш нема да го жалат ниту последниот денар што ќе го дадат.
РАК
Ракот има екстравагантен однос кон парите иако важат за штедачи, но всушност мудро ракуваат со пари. Штеди и внимава на секој денар, а потоа ќе си купи нешто што долго време го посакува или ќе ги потроши на патување. Сака пари и секогаш има калкулатор во рака.
ЛАВ
Лавовите многу сакаат да трошат и тешко умеат да задржат некој денар. Како ќе добијат плата, одат во првата слаткарница или на скара, потоа ќе се почастат со некоја книга, ќе го изведат партнерот на вечера, ќе купат подарок за децата, па потоа кукаат како немаат пари.
ДЕВИЦА
Девицата е најголемиот штедач во зодијакот и упорно собира денар по денар. Некому ќе му се чини дека тоа не е никаква пара, но не и Девицата. Темпераментот на Девица е таков што лесно можат да се посветат исклучиво на печалење пари.
ВАГА
Парите ги сака повеќе отколку што би се рекло на прв поглед. За Вагата парите се симбол на удобност и затоа често го трошат на патувања, на козметичари, скапи кремови, квалитетни чевли и на пријатни излегувања.
СКОРПИЈА
Шкорпијата сака да прави финансиски трансакции, сака ризик и парите за Скорпија се како руски рулет. Никогаш не се знае дали ќе има добивка или загуба. Парите за Скорпијата се вистински афродизијак и ѝ го креваат адреналинот и затоа се тие науспешни бизнисмени. Сака да подарува и е многу великодушна.
СТРЕЛЕЦ
Стрелецот се најсреќниот знак кога се работи за парите. Стрелецот ги привлекува парите и многу мултимилионери се родени во овој знак од зодијакот. За оние Стрелци кои нема да биде премногу богати, имаат голема шанса да си го овозоможат својот животен комфор, кој обично доаѓа од некоја продуктивна прифесија со која се занимаваат.
ЈАРЕЦ
Јарците се или сосема релаксирани или крајно избезумени поради пари. Најмногу сакаат да заработуваат работејќи на две или повеќе паралелни работи. Тие парите ги трошат на децата, на вложување во трајните вредности: куќата, викендицата, накит или слики.
ВОДОЛИЈА
За Водолијата никогаш нема да знаете колку пари има, затоа што ниту тие не можат да ги контролираат своите трошоци и приходи, затоа што секогаш нешто сметаат, планираат, вложуваат или зајмат. Сакаат бизнис и подготвени ризикуваат, а често и профитираат. Кога ќе останат без пари, секогаш имаат од кого да зајмат.
РИБИ
Рибите здобиваат пари со сугестија. Тоа што ќе го замислат тоа и го добиваат. Имаат многу среќа со парите, а прилично се дарежлив, но и расипан знак. Понекогаш одат во крајност и живеат скромно само да не мора напорно да работат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.