| четврток, 6 декември 2018 |

Како Фрчковски го продаваше името

frcko  protest 3 (Custom)

Низа сведоштва од минатото се поврзани со Љубомир Фрчкоски, поранешен министер во владите на СДСМ и претседателски кандидат на најголемата опозициска партија. Меѓу тие сведоштва, има и такво според кое Фрчкоски го продавал името на државата за милион долари – пишува Курир.

Имено, Фрчкоски преку свои луѓе од македонската полиција во името на неидентификувани Грци, односно од грчкиот разузнавач генералот Николаос Грилакис, на поранешниот претседател Киро Глигоров му понудил еден милион американски долари што ќе му бидат оставени каде што ќе посака тој, во која било банка во светот, ако во отпочнатите преговори меѓу Грција и Република Македонија се откаже од уставното име на државата, пишуваше дневниот весникот “Бизнис” во 2010 година.

Според тврдењата на весникот, против Фрчковски во 2002 година од страна на полицијата била поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања и имало барање за негов притвор. Според оваа кривична пријава Фрчковски во 1993 и 1994 година најпрвин не сакал да пристапи по бројните усни барања на тогашниот претседател Киро Глигоров и му одобрил незаконски престој во Скопје на шефот на известителните служби на Грција, Николас Грилакис, кој побегнал од својата земја наводно под закана од кривичен прогон од новиот режим во Грција.

Незаконски и без да биде пријавен, без да добие азил или да му се даде статус на бегалец, се криел бесправно во стан на МВР во Скопје, а Глигоров стравувал да не се дознае за случајот и да не се создаде меѓудржавен проблем. Во пријавата се вели дека Фрчковски направил четири противправни обиди да посредува за да се корумпира претседателот Глигоров и имал и скриена намера, да го наруши неговиот дигнитет, да им причини нематеријална штета на граѓаните и да го загрози уставниот поредок, суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија.

Глигоров наводно му посочил на Фрчковски дека престојот на Грилакис во Скопје може да биде штетен за Македонија. Поранешниот претседател сметал дека тоа може да им наштети дури и на односите меѓу двете држави и затоа го советувал Фрчковски да му го откаже гостопримството на Грилакис и да го префрли во друга држава, пишуваше Бизнис.

Фрчковски одбил да ги изврши наредбите на Глигоров , се обидел да посредува и му понудил од Грилакис да прими 100 000 долари и подароци, скапоцена амфора извадена од некој потонат брод во Егејско Море и скапоцен саат со златна гривна. Глигоров ги одбил подароците.Според текстот и кривичната пријава објавена во “Бизнис”, откако овој обид не успеал, Фрчковски преку негови луѓе од доверба на Глигоров во неговиот кабинет му понудиле еден милион долари доколку Македонија во преговорите со Грција се откаже од уставното име. Глигоров го отрфлил и овој предлог.
prodava

Во својата книга “Македонија е се што имаме”, мемоарски записи, која беше објавена во 2001 година, поранешниот претседател за прв пат се осврнува на обидот да биде корумпиран со милион долари.

-Имаше, тоа првпат ќе го кажам, еден навистина незамислив обид преку грчките специјални служби да се влијае и врз мене, и тоа на извондредно груб начин, да ја прифатам грчката солуција, да направам нешто за да се откажам од името Македонија. Еден ден министерот за внатрешни работи, Фрчковски ми предложи да примам некои соработници од Службата за да ме известат лично за нешто од нивната работа. Ги примив, а тие ми кажаа дека имале некоја средба со нивни “колеги” од Грција дека тие официјално им рекле да ми пренесат лично мене дека доколку попуштам околу името, готови се да ми префрлат, на која банка сакам во светот, милион долари.

Јас ги ислушав, прво, долго ги гледав луѓето, а потоа им реков: “Добро, бре, луѓе, како си замислувате шефот на оваа држава да прими милион долари, да се откаже од името Македонија. Како ве молам, воопшто сте го замислиле тоа? Како воопшто тоа некој може да си го замисли? Тоа е апсурдна работа”, напиша Глигоров.

Манжетни за кошула од 2.000 марки, часовник од 45.000 марки

Еден министер за внатрешни, а потоа за надворешни работи на мала земја каква што е Македонија, која не е толку богата и на која секој денар и е потребен, на франкфуртскиот аеродром купи манжетни за кошула кои ги плати две илјади марки, тврди сараевскиот новинар и регионален експерт за организиран криминал, осман Ватреш

-А вие знаете колкава му е нему платата. Па, како не му е срам? Тоа се гледа, не може да се сокрие. Или часовник кој Фрчкоски го плати 45 илјади марки. Па од каде му се парите?!… Постои документ, сметка… Тој е поврзан со мафијата. Околу себе има луѓе како Петрит Аме, кои треба да извршат сè што ќе им нареди. Со такви луѓе работеше и работи Фрчкоски. Му се крадат слики, икони од Македонија, фрески од Свети Наум, а тој не знае каде се? А тој вечера и пие со тие луѓе кои го направија тоа, вели Ватреш.

magas

Луксузни мерцедеси за шверцот на нафта и цигари

Шлеперите со шверцувани цигари на македонско-српската граница имале предност пред цистерните со нафта бидејќи носеле поголема добивка, тврдеше неодамна Љубомир Периќ-Магаш.

Магаш изјави дека од април до октомври 1995 година со дозвола од тогашниот премиер Бранко Црвенковски и министерот за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски шверцувал нафта од Бугарија преку Македонија за Србија. Според Магаш, како награда за добрата соработка двајцата добиле два автомобила „мерцедес“.

-Беше донесена одлука или, поконкретно, нашите соработници од Бугарија рекоа дека треба да се почестат одредени господа во Македонија поради непречениот шверц. Тие двајца беа Црвенковски и Фрчковски, кои добија два автомобила „мерцедес С600“ или, популарно наречени, „слонови“, кои беа најдобри автомобили во тоа време. Возилата беа крадени, но со средена документација и беа легални, бидејќи нивните близнаци беа пратени во Саудиска Арабија. Што направиле Црвенковски и Фрчковски со автомобилите, дали ги подариле некому, дали ги продале, не знам – вели Магаш.

Тој објаснува дека шверцот се одвивал без проблеми, но првиот „кикс“ се случил од македонска страна, кога контингентот со нафта не ја преминал границата вечерта кога било договорено.

– Ми се јави Фрчкоски и ми рече дека нафтата вечерва не може да помине од одредени причини. Веднаш му се јавив на Драган Стошиќ, ексдиректорот на „Симпо“ од Врање, кој беше врската меѓу мене и Македонците. Му објаснив дека ме чекаат во Србија и дека ќе се посомневаат ако пратката задоцни. Ми одговори „не се секирај, пратката утре ќе помине оти вечерва треба да пројде пратка со цигари“. Прашав „ кои бе цигари, кој е поважен од нас во оваа работа“, а тој ми вели „цигарите на Марко Милошевиќ“ – раскажува Магаш.

Според него, групата за која работел никогаш не шверцувала цигари, но знае дека во Македонија за тоа главен бил Данчо Шутурков, со кого се сретнале еднаш.

Имавме состанок, јас, Стошиќ, Црвенковски и Фрчкоски, стандардното друштво. Не се ширеше кругот за да се задржи тајноста. Но, еднаш дојде еден господин, залижан, шмекер, мислам дека се викаше Данчо Шутурков. Тогаш беше и наш претставник од Бугарија. Ни рекоа дека наредниот пат кога ќе се совпаднеме со транспортот со цигари, цистерните да почекаат и да ги пропуштиме прво да пројдат цигарите. Зошто не беа пуштени истовремено не знам, претпоставувам поради заработката бидејќи цигарите носат најмногу пари – вели Магаш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top