Против мене е цела држава, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во своето синоќешно гостување во емисијата „360 степени“, која се емитуваше на телевизија „Алсат-М“.
Кога непромислените изјави се во прашање, тоа не е ништо ново барем кога станува збор за првиот човек на опозицијата. Имено, тој во гостувањето на „Алсат-М“ во еден момент рече дека против него била целата држава, за потоа да сфати што кажа и се поправи дека мислел на државните институции.
Заев при гостувањето во емисијата воедно признава дека според рејтинзите и анкетите, владејачката ВМРО-ДПМНЕ води пред опозициската СДСМ. Според Заев, премиерот Груевски и ВМРО-ДППМНЕ имале поголема поддршка меѓу граѓаните, односно дека Груевски високо опстојувал на анкетите и неговата поддршка не опаѓала.
Заев јавно запраша зошто поддршката за Груевски не опаѓала, уште еднаш потврдувајќи дека самиот е свесен дека таканаречените бомби и деструктивното сценарио кое го спроведува дефинитивно не наидува на поддршка кај мнозинството граѓани.
Според експертите, токму ова е главната причина Заев да бега од избори и да игра на карта за рушење на преговорите, бидејќи да се плаши да се соочи со народната волја која очигледно и нему му е добро позната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст