| четврток, 6 декември 2018 |

Седници на четири собраниски комисии

 

собрание

Четири комисиски седници се закажани денеска во Собранието на РМ.  Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправа за Предлог-закон за дополнување на Законот за управување со кризи во второ читање.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на дневен ред го има Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи  во прво читање.

На дневен ред на собраниската Комисија за труд и социјална политика се Предлог на закон за дополнување на Законот за социјалната заштита и Предлог-закон за дополнување на Законот за семејството, двата во второ читање.

Собраниската Комисија за култура ќе го разгледува  Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство во второ читање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top