Военото воздухопловство на САД планира да го засили своето присуство во Европа како резулатат на зголемувањето на тензиите со Русија, изјави американскиот секретар за воено воздухопловство, Дебора Ли Џејмс.
Најавата на Џејмс следува откако САД во јануари објавија планови за распоредување на авиони-ловци од типот Ф-35 во една воена база во Велика Британија.
– Тоа е само почеток. Ќе има уште (такви распоредувања). Ќе продолжите да гледате се повеќе сили – нагласи Џејмс при посетата на Саемот за воздухопловство во Бурже крај Париз.
Таа одби да даде повеќе детали за ваквите планови на САД, нагласувајќи дека „не гледа причина зошто ловците Ф-22 да не останат во Европа и во иднина“.
– Според мене најголема закана претставува она што се случува со Русија и нејзините активности. Тоа всушност е и една од главните причини зошто сум тука во Европа – доададе Џејмс.
Како што најави Пентагон, по престојот во Франција, Џејмс во следните денови ќе ги посети и Велика Британија, Италија, Кипар, Полска и Германија.
– Ќе ги смириме нашите сојизници со доказот дека сме рамо до рамо со нив – истакна Џејмс, при што ги повика земјите-членки на НАТО да ги зголемат буџетските средства за одбраната на договорените нивоа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
Се укинуваат автобуски линии, a војниците сами се снаоѓаат за превоз
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании