Висок функционер на руското министерство за одбрана предупреди во понеделникот дека Москва ќе ги засили своите сили на западните граници, доколку САД распореди тешко вооружување на Балтик и во источна Европа.
Изминатиот викенд The New York Times, повикувајќи се на високи американски воени функционери, пишуваше дека Пентагон изработил план за испраќање на тешко вооружување, како тенкови, оклопни возила и ракетни системи во балтичките земји и во источна Европа, за вкупно 5.000 војници, со образложение да одврати наводно можна руска агресија.
Полска и Литванија потврдија во понеделникот дека преговараат со Вашингтон за распоредување на тешко вооружување во регионот. Од Варшава додадоа дека таквата одлука ќе биде донесена многу наскоро, а во Вилнус потврдија дека станува збор за „една од целите“ на неговата политика.
Генералот Јуриј Јакубов изјавил дека тоа би претставувало „најагресивниот чекор на Пентагон и на НАТО“, од периодот на блоковската идеолошка Студена војна. „Русија не би можела да стори ништо друго, туку да ги зголеми своите сили на западното криво“, рече.
Според него, Русија прво би го зголемила бројот на тенковите, артилеријата и воздушните единици на западните граници. Би го забрзала и распоредувањето на стратешките проектили „Искандер“ во руската енклава Калининград, како и би ја зголемила бројноста на своите сили стационира со меѓудржавен договор во соседна Белорусија, додаде генералот Јакубов.
Од Кремљ за Reuters одбиле да ја коментираат изјавата на рускиот генерал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


