| четврток, 6 декември 2018 |

Во Италија најлош природен прираст по Првата светска војна

бебе

Во Италија минатата година имало 100 илјади повеќе починати отколку родени, што е најлош природен прираст по Првата светска војна, објави италијанскиот Завод за статистика Истат.

Во Италија на 31 декември минатата година имало 60.795.612 жители, од кои пет милиони странци, или 8,2 отсто, пренесува Химен.

– Забележаниот природен прираст на населението е исклучително негативен и изнесува речиси 100 илјади луѓе, што е најмногу од 1917 и 1918 година – наведува Истат.

Бројот на родени е во постојано опаѓање и во 2014 година имало 12 илјади новороденчиња помалку отколку годината претходно.

Италијанското население продолжува да старее и просечната возраст му е 44,4.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top