Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) привремено ги затвори двата угостителски објекта, во ТЦ „Лептокарија“ и во село Мирковци – Скопско, откако доби известување од Центарот за јавно здравје дека на Клиниката за инфективни болести викендов се примени неколку лица со симптоми на труење.
По спроведената контрола во соработка со Санитарната инспекција, при што беа земени мостри од храната која се послужувала и брисеви од работните површини, АХВ наложи генерално чистење, вршење дезинфекција, како и упатување на вработените на вонреден санитарен преглед.
– Решенијата за привремено затворање на објектите ќе останат на сила сѐ додека не се потврди безбедноста, односно додека со повторни контроли не се потврди дека операторите со храна постапиле по дадените насоки од страна на инспекциските служби за отстранување на недоследностите – соопшти Агенцијата.
Доколку се утврди дека труењето е настанато во соодветниот објект, дека инфекциите потекнуваат од храната која се послужувала во овие објекти или од загадени работни површини, во согласност со одредбите од Законот за безбедност со храна, на операторите со храна ќе им биде изречена и соодветна парична казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст