Кина денеска ја пушти во употреба најдолгата товарна железничка линија на светот. Долга е 9.800 километри, а ги спојува градовите Харбин, на североисток во државата, и германски Хамбург. Првиот товар на таа линија тргнал во саботата.
По таа траса возот ќе оди еднаш неделно. Патувањето ќе трае 15 дена. За тоа време возот ќе минува повеќе од 9.800 километри, а ќе преминува и преку териториите на Монголија, Русија и на Полска.
На кинеско-монголската и на белоруско-полската граница возот ќе мора да го менува долниот трап поради разлики во ширината на колосекот. Патувањето од Харбин до Хамбург ќе трае двојно покусо отколку сегашниот транспорт, кој се одвива преку копнени патишта или по море.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.