| четврток, 6 декември 2018 |

Пиратите повторно напаѓаат во морскиот теснец Малуку

пирати

Во морскиот теснец повторно се активни пиратите кои киднапираат бродови, особено танкери. Малезиските поморски власти денеска соопштија дека е загубен контактот со танкерот „Орким хармони’’ кој превезувал  75 милиони литри бензин  и дека тој е плен на пиратски напад. Ова е втор танкер на истата компанија киднапиран во овој месец, а двата биле пресретнати на педесетина километри од пристаништето во Џохор бару, во превојот Малуку, меѓу Малезија и Сингапур.

До појавата на морските пирати од Сомалија, морскиот теснец што покрај бреговите на Малезија, Симгапур и Индонезија ги поврзува Јужното Кинеско Море и Индискиот Океан  беше најопасно место за пловидба во светот. Пиратите, кои имаат свои бази во Малезија и Индонезија од лани почнаа да го враќаат „приматот’’ и месечно запираат и пљачкосуваат по 3 до 4 брода, најчесто натоварени со нафта во цистерните.

Пиратите ја користат ноќта и со неколку помали брзи бродови ги пресретнуваат жртвите, го земаат товарот, а посадите, вообичаено ги ослободуваат со симболичен откуп. Со киднапирање и високи уцени се занимаваат пиратите кои пљачкосуваат понасевер, во морето меѓу Малезија и Филипините. Поради атрактивноста на морето и богатството со скапоцени корали во тој регион, голем број јахти крстосуваат меѓу островите, а само во последниве 12 месеци биле киднапирани 14 јахти за чии сопственици е плаќан откуп дури и до 25 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top