| четврток, 6 декември 2018 |

Започнува судскиот процес против „Фејсбук“

Белгиски суд оваа недела почнува процес против „Фејсбук“ поради злоупотреба на лични податоци, објавуваат локални медиуми.

Националната комисија за заштита на личните податоци наведува дека американската мрежа не ги почитува европските и белгиските закони.

Според Фламанскиот центар за дигитални истраги (iMinds) и Слободниот универзитет во Брисел, „Фејсбук“ обработува тајно лични податоци на свои корисници и на други корисници на интернет без да бара согласност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top