Шест лица се затруле со храна во елитен ресторан во скопската општина Чучер Сандево, во селото Мирковци, кои се задржани на Инфективната клиника во Скопје, објави Канал 5.
Во ресторанот на семејна прослава биле присутни шеесетина лица. Тие што побарале лекарска помош, имале полесни симптоми на труење.
Инспектори на Агенцијата за храна излегле на терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.