| четврток, 6 декември 2018 |

Извршен воздушен напад на терористи поврзани со Ал Каеда

Пентагон синоќа соопшти дека американската армија извршила воздушни напади во Либија врз цели на терористи поврзани со Ал Каеда.

– Вршиме процена на резултатите од операцијата, а дополнителни информации ќе бидат објавени кога ќе биде соодветно време за тоа – наведува во соопштението портпаролот на Пентагон, Стив Ворен.

Според соопштението, нападот е извршен во саботата вечер.

Ворен нагласува дека, според првичните информации, нападот бил успешен и целта погодена, без да го објави името на екстремистите кои биле цел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top