| четврток, 6 декември 2018 |

Јолевски на саем за воздухопловство во Париз

jolevski
Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, денеска ќе присуствува на 51. Саем за воздухопловство и вселенска технологија „Ле Бурже“ што се одржува во Париз.

Во рамки на посетата на Париз, министерот Јолевски ќе се сретне и со државниот секретар во Министерството за одбрана на Француската република, Жан-Марк Тодешини.

Интернационалниот саем за воздухопловство и вселенска технологија се одржува веќе стотина години и е еден од најголемите и најстари воздухопловни саеми во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top