| четврток, 6 декември 2018 |

Седници на три собраниски комисии

собрание

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за економски прашања, Комисијата за здравство и Комисијата за одбрана и безбедност.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања се Предлог-законот за градежни производи и измените на Законот за електронска трговија и на Законот за концесии и јавно-приватно партнерство, сите во второ читање.

Комисијата за здравство ќе расправа за измени на Законот за хемикалии во прво читање, а Комисијата за одбрана и безбедност ќе го разгледа Предлог-законот за дополнување на Законот за управување со кризи во второ читање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top